Меѓународен тим од експерти, предводен од планетарниот научник Френк Постберг од Универзитетот во Берлин, Германија, откри соединенија што содржат фосфор во пареата што излегува од Енкелад.
Сондата „Касини“ почна да го истражува Сатурн и неговите прстени и месечини во 2004., пред да изгори во атмосферата на гасовитиот џин кога нејзината мисија заврши во 2017 година.
Пронајдените количини покажуваат дека може да има 100 пати повеќе од овие соединенија отколку што има на Земјата. И бидејќи фосфорот е еден од шесте елементи кои се сметаат за суштински за развојот на животот каков што го знаеме, ова откритие значително ги зголемува шансите за постоење на „мали зелени“ (најверојатно едноставни организми) на Енкелад.
„Фосфорот е од суштинско значење за развојот на животот на планетите, но досега го најдовме само во океаните на Земјата. Во ова истражување ги претставуваме CDA масните спектри на честичките мраз од Е-прстенот кои покажуваат присуство на натриум фосфати“, велат научниците од студијата, објави Science Alert.