22.05.2025 08:48
Вести Македонија

Судењето за модуларната болница од Тетово во завршна фаза

Се ближи крајот на повтореното судење за пожарот во модуларната болница во Тетово во кој загинаа 14 пациенти кои се лечеа за време на ковид пандемијата. Им се суди на поранешните директори и на болницата како правно лице.

На денешното рочиште заврши доказната постапка, а на 25 април ќе следуваат завршните зборови на обвинителството и одбраната на обвинетите. Поранешните директори, Флорин Бесими и Артан Етеми се товараат за кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“, додека Клиничката болница како правно лице се товари за две кривични дела, прво за „предизвикување општа опасност“ и за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.

Тие на почетокот на судењето истакнаа дека го разбираат обвинението, но дека не чувствуваат вина. Првата пресуда за директорите беше условна, додека правното лице ЈЗУ Клиничка болница беше прогласено за виновно за делото „предизвикување општа опасност“.

Апелацискиот суд во Гостивар го врати предметот назад во Основниот суд поради нејаснотии во пресудата. Минатиот месец пред тетовскиот суд протестираа семејствата на загинатите во пожарот во модуларната незадоволни од судскиот процес. Побараа од обвинителот Љупчо Коцевски да ги земе предвид сите докази и да ја прошири истрагата и кон други лица.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пукал за Газа – осомничениот за убиството во Вашингтон го призна делото

Дејан Дејан

Се урна зграда во Ираклион, издадено предупредување за цунами – силен земјотрес во морето кај Крит

Дејан Дејан

Пукање во Вашингтон – убиени двајца вработени во израелската амбасада во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе