Следете не

Хроника

Вчера на превој „Барбарос“ према Прилеп, се случила трагична сообраќајка со смртни последици

Објавено пред

на

На 01.11.2024 година во 13.20 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод-Прилеп, на превојот „Барбарос“ се случила сообраќајна несреќа, при што Е.У. (56) од Богданци управувајќи товарно моторно возило „Сканиа“ со гевгелиски регистарски ознаки,  во сопственост на правен субјект од Богданци, загубил контрола врз возилото и излетал надвор од патот.

Во несреќата од здобиените тешки повреди возачот починал на местото на настанот, а смртта е констатирана од екипа на Итна медицинска помош.

Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од СВР Битола, за јавноста известуваат од МВР.

Хроника

Лице на 76-годишна возраст пронајдено починато во дебарско, претходно бил пријавен за исчезнат

Објавено пред

на

Вчера во 18.15 часот во Полициското одделение Ростуше било пријавено дека во с.Велебрдо, општина Маврово и
Ростуше, на место викано Бразда, бил пронајден починат Р.Б.(76) од с.Битуше, општина Маврово и Ростуше, за кој на 29.05.2025 беше пријавено дека се оддалечил од домот.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршија полициски екипи.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција, соопшти СВР Тетово, информираше МВР.

Прочитај повеќе...

Хроника

При изведување градежни работи на автопат Кичево-Охрид од дрвена платформа паднал работник, жител на Кина

Објавено пред

на

ФОТО: Zoi Palla @ Unsplash.com

На 03.06.2025 во 07:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека, О.З.(52) од Кина, при изведување градежни работи на автопатот во изградба Кичево-Охрид, кај селото Требеништа, општина Дебрца, паднал од дрвена платформа.

Тој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде му се констатирани тешки телесни повреди опасни по живот.

Увид на местото извршија екипа од СВР Охрид и трудови инспектори, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски

Според наши неофицијални информации, тешко повредениот жител и работник од Кина им подлегнал на повредите по што починал.

Прочитај повеќе...

Хроника

Утрово кичевчанец со секира уби татко, неговата мајка е во неконтактибилна состојба

Објавено пред

на

©porta.mk

Денеска (11.05.2025) во 07.10 часот, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода Е.А.(48) од селото Србјани, кичевско поради сторено кривично дело „убиство“.

– Околу 07 часот во ПС Кичево од Итната медицинска помош Кичево, било пријавено дека кај нив се јавил Е.А. и кажал дека во семејната куќа во с. Србјани со секира ги нападнал неговите родители.

Со возило на Итна медицинска помош двете лица се пренесени во Медицинскиот центар Кичево, каде У.А.(74), татко на сторителот, им подлегнал на повредите а Ф.А.(67), мајка на сторителот, е во неконтактибилна состојба. Е.А. е лишен од слобода и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава, извести портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Временска прогноза1 час

Вчерашната и претстојната ноќ значително по свежи со слаб северен ветер

Во текот на претстојната ноќ во Македонија времето ќе биде ведро со слаб до умерен ветер претежно од северен правец....

Кичево8 часа

(ФОТО) Денес по пријава ТППЕ Кичево безбедно отстрани змија од возило

Во рамки на денешниот ден во ТППЕ Кичево бевме сведоци на една спасувачка акција по пријава на приватна компанија до...

Кичево9 часа

(ФОТО) Од понеделник во Кичево започнува наплата на зонско паркирање во три зони

Во град Кичево по булевар „Ослободување“ започнува зонско паркирање кое според постапката е започната уште во 2015 година, тогаш со...

Хороскоп23 часа

Хороскоп за сабота (14 јуни)

Овен Доколку сте ангажирани околу нешто кое е поврзано со продажба или патувања- ќе бидете многу успешни. Ќе доживеете многу...

Спорт1 ден

Македонија до 14 години ќе одигра два контролни натпревари против Албанија, кичевчаните Матески и Димоски ќе бидат на списокот на селекторот Станковски

Македонската фудбалска репрезентација до 14 години во јуни ќе одигра два пријателски натпревари против врсниците од Албанија. Првиот меч ќе...

Спорт1 ден

Медведев и Качанов елиминирани во четвртфиналето на тенискиот турнир во Хертогенбош

Рускиот тенисер Данил Медведев беше елиминиран во четвртфиналето на турнирот во Хертогенбош, откако загуби од Американецот Рајли Опелка, кој е...

Свет1 ден

Маск: „SpaceX“ нема да го повлече својот вселенски брод „Dragon“

Илон Маск објави дека неговата ракетна компанија SpaceX нема да го повлече својот вселенски брод „Драгон“. Иако само неколку часа...

Спорт1 ден

Белгискиот интернационалец Кевин Де Брујне е новото засилување на италијанскиот фудбалски клуб „Наполи“

Белгискиот фудбалер Кевин Де Брујне е ново засилување на италијанскиот клуб Наполи, кој официјално го потврди неговото доаѓање. Де Брујне,...

Хроника1 ден

Лице на 76-годишна возраст пронајдено починато во дебарско, претходно бил пријавен за исчезнат

Вчера во 18.15 часот во Полициското одделение Ростуше било пријавено дека во с.Велебрдо, општина Маврово и Ростуше, на место викано...

Македонија1 ден

Возел мотор со 2,02 промили алкохол во крвта и удрил деветгодишно дете

На 12.06.2025 во 17.30 часот во Радовиш, полициски службеници од ОВР Радовиш го привеле Б.З.(40) од Радовиш. Во 14.45 часот...

НАЈЧИТАНИ