Поврзете се со нас

НБА

Гордон со лудо забивање ја реши драмата во Лос Анџелес, разиграниот Кари донесе победа за Вориорс (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/NBAspain

Денвер Нагетс успеа да го добие трилер мечот со Лос Анџелес Клиперс и да израмни на 2-2 во плејоф серијата во западната конференција.

Неверојатна драма донесе соочувањето во Калифорнија иако на крајот на третиот период изгледаше дека се е готови и дека победата сигурно оди кај гостите кои водеа со 20 разлика (85:65).

Меѓутоа Нагетс лоши ја одиграа последната четвртина или поточно беа надиграни од домаќините кои не само што ја „избришаа“ негативата туку дојдоа и до водство по што се влезе во завршница која беше решена со неверојатен кош, забивање на Гордон.

Зубац на 8 секунди до крајот израмни на 99:99, последниот напад беа за гостите одговорноста ја презема Јокиќ кој го промаши целиот кош, меѓутоа Гордон беше на вистинското место и реализираше со забивање. Решаваа милисекунди, се прегледуваше снимката за да се види дали Арон ја исфрлил, испуштил топката на време за да судии пресечат дека се е регуларно за огромно славје на составот од Колорадо.

Јокиќ имаше брутална партија од 36 поени, 21 скок и 8 асистенции, двоцифрени беа и останатите играчи од стартната петорка. Клупата донесе само четири поени што е доказ колку ова славје на Нагетс е од огромно значање.

Ленард со 24 и Пауел со 22 поени беа први имиња кај поразените.

Голден Стејт Вориорс и без услугите на Џими Батлер пронајде решение и го доби Хјустон Рокетс со 104:93 за водство во серијата од 2-1.

Во полн сјај беше Кари со 5 тројки, вкупно 36 поени, 9 асистенции и 7 скока. Најголема поддршка дојде до клупата преку Хилд и Пејтон со 17 и 16 поени. Петмина кај „ракетите“ имаа +10 кошеви.

Првиот патник во полуфиналето на Западот е Оклахома која со 4-0 го здроби тимот на Мемфис Гризлис. Последниот триумф на ОКЦ беше остварен со резултат 117:115.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни