„Рекордни 55 отсто од возрасните Американци велат дека голем број мигранти кои илегално доаѓаат во САД претставуваат најголема закана за виталните интереси на САД“, се вели во извештајот.
Во однос на партиската припадност, кај републиканците, речиси сите, или 90 отсто, ги сметаат илегалните мигранти за закана за САД, кај демократите 29 отсто, а кај неопределените Американци – 54 отсто.
Според Галуп, речиси една третина од анкетираните Американци, или 28 отсто, ја нарекуваат имиграцијата најважното прашање за САД.
Истражувањето е спроведено од 1 до 20 февруари меѓу 1.016 Американци постари од 18 години.
Миграциската криза на јужната граница на САД доби нов тек откако американскиот Врховен суд, на барање на администрацијата, дозволи отстранување на бодликавата жица што властите во Тексас ја поставија долж границата со Мексико.
САД бележат рекордни нивоа на илегална миграција, при што граничните службеници евидентираа 302.000 нелегални гранични премини минатиот декември, што е најголем број во еден месец./МИА