СЕ СУДРИЈА ЗА ТРАЈКО СЛАВЕСКИ ЗА ИДЕН ГУВЕРНЕР: ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка, СДСМ остро ќе се спротивстават

Објавено во: Финансии 22 Мај, 2025 12:22
Најголемата владејачка партија, но и најголемата опозициска партија, се огласија откако претседателката Гордана Силјановска Давкова вчера соопшти дека го предлага професорот Трајко Славески за иден гувернер на Народна банка на Македонија.
За да седне на гувернерското столче, поранешниот министер за финансии и сегашен претседател на Советот на Град Скопје треба да биде избран на пленарна седница, со просто мнозинство од 61 глас од народните избраници.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, како што изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање, ќе даде поддршка за предлогот Славески да ја добие функцијата гувернер.
Според него, согласно Уставот обврска на претседателот на државата е да го даде предлогот за гувернер.
„Тоа е одлука на претседателот на државата, не е одлука на Владата. Согласно Устав, претседателката на државата го поднесува тој предлог така што немам што да коментирам. Предлогот ќе ја добие поддршката од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Мицкоски.
На ова се спротивставува најголемата опозициска партија, СДСМ.
„Невиден преседан е да се дозволи класичен партиски пион да ја води оваа важна финансиска институција, каде што досега секогаш имало независни експерти на функцијата гувернер. Трајко Славески е човекот за кој 9.000 денари минимална плата се ‘многу пари’. Тој е перјаницата на Мицкоски против интересите на работниците. Гувернер ќе стане економистот кој е познат како најголем непријател на идејата за покачување на минималната плата, како и непријател на правилното пресметување на потрошувачката кошничка за четиричлено семејство, човекот кој, додека ги водеше финансиите на земјата, жестоко ја раскрчмуваше и задолжуваше државата“, наведуваат од Бихаќска во својата реакција до јавноста.
„Имаше можност да застане зад сопствен избор, да промовира независна и стручна личност, но реши да ја наведне главата пред Мицкоски“, се додава во реакцијата од СДСМ.
Како што е познато, претседателката Гордана Сиљановска Давкова вчера го предложи проф. д-р Трајко Славески за нов гувернер на Народната банка, што се случи откако претходно имаше состаноци со сите тројца кандидати за иден прв човек на монетарната власт во земјава.Од Кабинетот на претседателката информираа дека при донесувањето на одлуката, претседателката се водела од стручноста и компетентноста, дигнитетот и интегритетот, како и реалната можност за именување на кандидатот.
„Би сакале да потенцираме дека изборот беше тежок, со оглед на докажаниот квалитет на сите кандидати“, посочија од Кабинетот на претседателката.
Инаку, актуелна гувернерка на Народната банка е Анита Бежоска Ангеловска, чии мандат заврши вчера, но согласно Законот за Народна банка, таа ќе раководи со монетарната власт во земјава се до изборот на новиот гувернер.
Мандатот на гувернерот трае седум години.
Можеби ќе ве интересира
„ВРИЕ“ ОД МИЛИОНЕРИ: Oва е најбогатиот град на светот...

ЕВТИНИТЕ ПАРЧИЊА ОБЛЕКА ОД ПРОДАВАЧИТЕ НА ПЛАЖА МОЖАТ СКАПО ДА ВЕ ЧИНАТ: Казните одат и до 7.000 евра!

ОВА СЕ НАЈУСПЕШНИТЕ ИНФЛУЕНСЕРИ НА LINKEDIN ОД МАКЕДОНИЈА: Од совети за бизнис до совети за работа, нивниот глас е водечки во земјава

КАЗНИ ДО 12 ИЛЈАДИ ЕВРА, РАЈНЕР ПРЕДУПРЕДУВА! Непристојното однесување во авион, скапо ќе го платите

ДУКОВСКИ ВЕЛИ ДЕКА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА УСТАВЕН НОСИ „ФЕЈК“ РОЛЕКС:„Ова нема врска со ништо, освен со лош вкус“

„ВО ВРЕМЕ КОГА ЕВРОПСКИТЕ ДРЖАВИ ВОВЕДУВААТ ЧЕТИРИДНЕВНА РАБОТНА НЕДЕЛА, ТОЈ ПРОМОВИРА СОВРЕМЕНО РОПСТВО“: Најчевска за Славески

КОНЕЧНО СЕ ЗНАЕ ШТО НОСИ НАЈМНОГУ ПАРИ ЗА РАБОТНИЦИТЕ ВО ЕВРОПА: Блазе на оние што учеле медицина, имаат полни паричници

АКО ОВА СТЕ ГО КУПИЛЕ ОД СРПСКА ИКЕА... Производот се повлекува, итно отстранете го од вашиот дом

КАМАТНИТЕ СТАПКИ ОСТАНУВААТ НЕПРОМЕНЕТИ - монетарната политика го задржува внимателниот карактер
