Ако ја обожавате популарната серија „Бриџертон“, чија втора сезона е веќе на платформата Нетфликс, тогаш ова е вистинската колекција за вас. Потпишната од брендот Страдивариус и инспирирана од модата од серијата, оваа капсулна колекција содржи серија на модели со цветен дезен, кои ги покриваат романтицизмот на пролетната мода и regency-добата во која се случува дејствието во серијата. Има и памучни маички со фрази и логоа од серијата, а кои се вклопуваат во пролетниот лежерен изглед. Корсетите кои се тренд сеонава, а ги гледаме и во „Бриџертон“, во интерпретација на Страдивариус доаѓаат во помека и понослива форма.
Нема коментари