ИМА КРИЗЕН ШТАБ ВО МНР ЗА ЕСКАЛАЦИЈАТА МЕЃУ ИРАН И ИЗРАЕЛ: Нашите државјани строго да ги следат националните портали за итни случаи

Објавено во: Македонија 14 Јуни, 2025 15:02
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во врска со информациите за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток вчера апелираше до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран да ги следат националните портали за итни случаи и строго да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции.
Владата будно ја следи безбедносната состојба на Блискиот Исток, активиран е кризен штаб во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, изјави премиерот Христијан Мицкоски во врска со случувањата помеѓу Иран и Израел.
-Има кризен штаб во МНРиНТ, се следи будно состојбата преку извештаите кои што ги добиваме преку службени канали, така што не би коментирал повеќе од ова што го кажав – изјави премиерот.
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија во врска со информациите за влошената безбедносна состојба на Блискиот Исток вчера апелираше до сите македонски државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел и Иран да ги следат националните портали за итни случаи и строго да постапуваат согласно упатствата на надлежните институции. Исто така, упати апел до сите македонски државјани да се воздржат од какви било патувања кон земјите од овој регион, до подобрување на безбедносната состојба.
Во врска со присуството на вицепремиерот Иван Стоилковиќ на настани во Руската амбасада, односно дали тоа ќе пречи во билатерални односи со западните земји, премиерот одговори дека не треба да има никаква дилема околу ставот на Владата за руската агресија.
-Ставот на владата околу руската агресија е многу јасен, непроменет и прецизен, исто така и присуството на вицепремиерот Изет Меџити во Одеса е јасна потврда, така што не треба никој да има апсолутно никаква дилема – рече Мицкоски.
Можеби ќе ве интересира
„Незаконски се приклучил на мрежата за питка вода за да наводнува НЕКОЛКУ ИЛЈАДИ метри квадратни пластеници“: Арсовска со шокантна објава

„НАЈДОБРИ ЗА СЕМЕЕН ОДМОР“: еве кои македонски градови се најдоа на листата

„Со Муцунски на чело на МНР се најавува и најголемиот срам - бришење на македонскиот јазик“: Жерновски со остра критика

ЧЕТИРИ АКТИВНИ ПОЖАРИ ВО ЗЕМЈАВА - изгаснати се исто толку, горат шуми, ниска вегетација и диви депонии
„БАРАМ РЕШЕНИЕ СЕГА И ВЕДНАШ“: Стефковски со остра порака 'институциите кои молчат ќе се соочат со гневот и незадоволството на граѓаните'

„НЕМА ДА ОСТАВИМЕ ПОД ПРАШАЛНИК НИТУ ЕДЕН ПРЕДМЕТ“: Тошковски за дивоградбите кои ги посочи градоначалничката на Скопје

„ОЧИГЛЕДНО БАЛТАЗАР СЕ ИНСПИРИРАЛ ОД ОТОМАНСКАТА ИМПЕРИЈА, ДАНОЦИ ЗА СЀ - ПА И ЗА НЕЖЕНЕТИ И ВДОВИЦИ“: Јакимовски со остра критика
„4 ЈУЛИ НЕ Е САМО ДАТУМ КОГА СЕ УДРИЈА ТЕМЕЛИТЕ НА АМЕРИКАНСКАТА ДРЖАВНОСТ“: Ванковска со остра забелешка, има и друго значење овој датум
