Македонија
Мишковиќ: Подобар тим сме од Работнички, но тоа…

Денеска започнува плејофот во најдобрата кошаркарска лига во Македонија, а првиот меч е оној во Скопје каде Работнички е домаќин на Пелистер.
Работнички двапати го доби битолскиот тим во регуларниот дел, но без разлика на тоа во клубот од Битола се убедени дека се поквалитетен состав и дека тоа ќе го потврдат уште од денеска во салата „Независна Македонија“ во Кисела Вода.
-Паузата пред стартот на плејофот беше навистина долга, па имавме и повеќе од доволно време за да се подготвиме. Веруваме во себе, во своите квалитети. Работнички има свои слабости, нешто што ние ќе настојуваме да го искористиме.
-Беше исклучително тешко да го играме тој меч без класичен центар во тимот. Сторивме се, но не успеавме да славиме, верувам дека овојпат ситуацијата ќе биде поинаква, се е поразлично кога имате квалитетен висок играч во ротациата. Јас сум оптимист, верувам дека сме подобар тим од Работнички, дека сме покомплетен тим од противникот, но јасно ни е дека тоа мораме да го потврдиме и на терен, -порача Никола Мишковиќ.
-
Свет22 часа
Лингард и Рашфорд повторно се споија, Матиќ ги „поздрави“ со интересен коментар (ФОТО)
-
Англија23 часа
Аморим сподели возбудливи вести за Мбеумо: Едвај чекам да го видам
-
Италија21 час
Саки го предупреди Интер: Немојте да го игнорирате Киву…
-
Свет16 часа
Телохранителот на Меси ги пречекорил овластувањата и заработи суспензија и во „Лига купот“
-
Формула 119 часа
„Мама миа“: Леклер изненади и ја освои пол-позицијата на Хунгароринг (ФОТО)
-
Репрезентација14 часа
Илиевски по поразот од Романија: Разочаран сум од македонскиот синдром на самоуништување
-
Шпанија22 часа
Мастантуоно за ѕвездата на Реал: Многу сум среќен, тој е идол!
-
Германија23 часа
Реал Мадрид покажа класа и испрати поддршка до семејството Улрајх (Фото)