ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
20.12.2022
Што да правите кога професорот не одговара на вашиот меил?
Автор: Goce Author

Во денешно време, праќањето меил и комуницирањето преку нашите е-пошти адреси стана секојдневие. До сега сигурно сте испратиле безброј меилови, некои приватни, а некои кои се поврзани со вашиот академски живот.
Секој студент барем еднаш се нашол во ситуација да мора да контактира со професор преку е-пошта. Ако сте еден од нив, веројатно внимателно сте ги проучиле упатствата како да напишете е-пошта до професор и најверојатно сте добиле одговор. Меѓутоа, што ако професорот не одговори на вашиот меил?

Прво, проверете дали сте ја испратиле е-поштата на точната адреса. Понекогаш може да се прикраде печатна грешка, а понекогаш немаме валидна e-mail адреса што ја користи професорот. Проверете кај колегите на која адреса му пишале на професорот и дали добиле одговор, а потоа обидете се да ја контактирате студентската служба која може да ви ги даде најновите информации.

Доколку пораката е испратена на вистинската адреса, проверете дали добро сте го формулирале вашето прашање или јасно сте кажале дека очекувате одговор.

Исто така, проверете дали сте ги внеле соодветните термини во полето „Subject“. Доколку сте испратиле е-пошта со наслов „Колоквиум“, или сте испратиле одговор на серија мејлови со тој наслов, а испитниот рок е во тек и професорот очекува е-пошта со термини како „Испитна работа “, може да се случи професорот едноставно да ја превиди вашата е-пошта не сметајќи ја за приоритет.



За крај, обрнете внимание уште еднаш на содржината и дали сте му се обратиле на професорот со почит. Исклучително е важно пораката да е кратка и јасна. Во спротивен случај можеби професорот не ја сфатил суштината и не знае дека од него се очекува одговор.

Ако сè погоре е точно и сè уште не сте добиле повратна порака, постои можност вашата порака да завршила во папката „Spam“ или „Junk“. Во тој случај, можете да напишете уште еден. Тоа може да биде одговор на вашата претходна е-пошта или, уште подобро, сосема нова. Како и во првиот, обрнете внимание на сите важни елементи – насловот, граматиката, адресирањето, печатните грешки и вашиот потпис.

На почетокот обратете му се на професорот со „Почитуван професор…/Почитуван професоре“, а потоа напишете ја причината за контактирање – „Ве контактирам во врска со е-поштата што ви ја испратив…“. Вклучете ги сите релевантни информации, како датумот кога е испратена и причината, а потоа објаснете дека не сте сигурни дали професорот ја примил вашата порака и дека би сакале да го искористите овој метод за да побарате одговор.Ви благодариме однапред“ и потпишете го вашето име, презиме, насока, година на студирање и број на индекс.



Доколку одговорот сè уште недостасува, обидете се да дојдете до професорот на факултетот во периодот на консултации, контактирајте со предметниот асистент или студентската служба. Во секој случај, што и да правите, бидете љубезни и покажете почит и искористете ја оваа ситуација за да практикувате ваков тип на комуникација, кој дефинитивно ќе ви значи еден ден во деловниот свет.

(Аудио) Кирил и Методиј се враќаат – со црвени пенкала
(Аудио) Мојот став: Генерација Z: најпаметни досега… или најизгубени?