Креативниот директор на модната куќа Баленсијага, Демна Гвасалија, се враќа на корените.
Како што и самиот изјави по завршувањето на модното шоу во Париз, каде ги видовме моделите за следната пролет – ова е колекцијата со која што најмногу се поврзува досега.
Не е далеку од вистината со оглед на тоа ревијата ја отвори неговата мајка Ела, а помеѓу останатите модели се најдоа луѓе кои се блиски со дизајнерот и од кои црпи инспирација за своите креации.
Демна тоа и го нагласи пред новинарите, дека едноставно почувствувал потреба да се врати на корените и да направи ревија за себе.
Некои од моделите дури и носеа лажни пасоши со авионски карти за Женева, местото каде тој живее, а речиси сета облека на пистата беше изработена од реконструирани винтиџ парчиња..
Демна изјави и дека целиот свој живот бил критикуван за начинот на облекување, до тој степен што еден пар додека тој бил со сопругот на вечера, побарал да се преместат од нив затоа што облеката им била застрашувачка.
Дизајнерот како што и самиот има кажано, ја менува перцепцијата за тоа што е луксуз. Неговата облека воопшто не изгледа луксузно, а сепак чини многу пари.
Со ова тој сака да им наметне секојдневни парчиња на оние богатите од кои најчесто доаѓаат и предрасудите за тоа како луксузот треба да изгледа.