Прва жртва од хоророт во Штутгарт: Жена (46) почина од повредите! – Се упатил кон трамвајската станица со Мерцедес – еве што вели полицијата (ВИДЕО)

Полицијата во германскиот град Штутгарт потврди дека едно лице починало во болница од повредите здобиени во инцидент кога автомобил удрил во група луѓе на трамвајска станица доцна попладне.Според полицијата и локалното обвинителство, 46-годишната жена починала од сериозноста на повредите, објави „Билд“.Покрај неа, повредени се уште седум лица, а две се здобиле со тешки повреди и се однесени во болница. Две тешко повредени лица се надвор од животна опасност.
Almanya’nın Stuttgart kentinde bir araç kalabalığa daldı; en az 3 kişi yaralandı.Sürücü gözaltına alınırken olayın kaza mı yoksa saldırı mı olduğu henüz netleşmedi.pic.twitter.com/ynkHfxl6vS— Record Haber (@recordhaber) May 2, 2025
Полицијата претходно објави дека не го смета овој инцидент за терористички напад.„Според моменталните резултати од истрагата и врз основа на досегашните сознанија, нашите колеги тргнуваат од претпоставката дека станува збор за трагична сообраќајна несреќа. Во моментов нема индикации дека станува збор за напад или намерен чин“, соопшти полицијата.Во соопштението се наведува и дека е уапсен возачот на автомобилот (42), германски државјанин, кој се судрил со трамвајската станица. Германските медиуми објавија дека тој ја изгубил контролата врз возилото, џип од класа Мерцедес Г, за време на рутинско свртување.

Пронајдете не на следниве мрежи: