Трамп: Пакистан и Индија се согласија на целосен и моментално прекин на огнот

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Индија и Пакистан се согласиле на „целосно и моментално“ примирје. Тој ја објави веста на својата социјална мрежа Truth Social.

„По долга ноќ преговори водени од Соединетите Американски Држави, со задоволство објавувам дека Индија и Пакистан се согласија на КОМПЛЕТЕН И НЕПОСРЕДЕН ПРЕКИН НА ОГНОТ. Честитки до двете земји за нивниот здрав разум и одлична интелигенција. Ви благодарам за вашето внимание!“ напиша Трамп.

Синоќа дојде до нова ескалација меѓу Индија и Пакистан откако Пакистан започна напад врз соседната земја во кој тврдеше дека уништил индиски систем за воздушна одбрана со хиперсонични ракети.

Нападот се случи откако Пакистан објави дека Индија испалила ракети врз неколку воени бази.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното