Поврзете се со нас

Македонија

Промена на термин и место: Вардар и Беса ќе играат в сабота во ПМФЛ

Објавено

на

Пред нас се нови возбудувања во Првата македонска фудбалска лига, шест натпревари од кои првиот ќе биде в сабота.

Имено од ФФМ ја информираа јавноста дека натпреварувачка комисија го одобрила барањето за промена на стадион и ден на одигрување на натпреварот меѓу Вардар и Беса 1976.

Овој меч ќе се игра од 16 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ (терен 2). Причината за играњето на овој терен е зафатеноста на националната арена „Тодор Проески“.

Во оваа сезона овие два клуба одиграа две средби, едната заврши без голови, додека на другата Беса славеше со 2-1. „Црвено-црните“ со 32 бода се на 7 позиција на табелата, клубот од Добридол пак со 24 поени го зазема 11 место.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни