• Саше Љолес

Кошаркарите на Гостивар забележаа многу важна победа во претпоследното коло од плеј-аутот на Првата македонска лига и со совладаа тимот на Тиквеш со конечен резултат 84-69. Овој триумф за Гостивар значи дека е многу близу до опстанокот, затоа што во последната рунда ќе се соочи со „фенерџијата“ Вардар и ќе биде огромен фаворит на овој натпревар.
- Комплетниот натпревар помеѓу Гостивар и Тиквеш:
Домашниот состав уште во првото полувреме покажа дека е крајно мотивиран за освојување на бодовите и го разби ривалот од Кавадарци. На паузата резултатот гласеше 55-29 во корист на гостиварчани.
Тиквеш одигра подобро во третиот период и го доби со пет поени разлика, но последните десет минути одново беа „резервирани“ за домаќинот, кој на крајот рутински го заокружи мечот и донесе радост за својата верна публика.
Гостивар денес беше предводен од тројца играчи - Грушановиќ (29 поени), Елис (23 поени) и Митевски (20 поени), а во таборот на Тиквеш прво име беше Андреј Чадамов со 22 поени, пет скока и пет аситенции.