• недела, 25 мај 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Тренерот на Борусија Дортмунд: Тимот веќе е на вистинското ниво

Тренерот на Борусија Дортмунд: Тимот веќе е на вистинското ниво

Дортмунд, 4 мај 2025 (МИА) - Борусија Дортмунд се искачи на четвртото место на табелата во Бундеслигата со солиден напредок и се надева дека ќе заврши меѓу првите четири. Оваа позиција, која гарантира учество во Лигата на шампионите, изгледаше сосема нереална пред неколку недели.

Новиот тренер на Борусија Дортмунд, Нико Ковач, кој го замени Нури Сахин на почетокот на февруари, беше пофален за пресвртот во формата, откако тимот ја врати својата стабилност и повторно го пронајде патот до победата.

-Тимот веќе е на вистинското ниво. Но, мора да продолжиме. Победивме, но натпреварот можеше да заврши различно. Затоа ќе продолжиме да укажуваме што треба да направиме, изјави Ковач по победата над Волфсбург. дс

Фото: Архива

 

Остани поврзан