Европа

Велика Британија ќе го регулира кредитирањето на принципот „купи сега, плати подоцна“

Извор: Tom Metcalf / Bloomberg

19 мај 2025, 14:03

Велика Британија ќе го регулира кредитирањето на принципот „купи сега, плати подоцна“

Bloomberg Mercury

Велика Британија од следната година ќе воведе низа построги правила за заемодавците што нудат кредити со одложено плаќање според принципот „купи сега, плати подоцна“ (англ. buy-now, pay-later - BNPL), потег што ќе ја усогласи регулацијата на нивните понуди со другите кредитни производи.

Тамошното министерство за финансии информира дека денеска законските предлог-измени што ќе ја регулираат оваа материја ќе бидат доставени до парламентот. Според правилата, таквите кредитори ќе бидат обврзани да ја проверат кредитната способност на купувачите пред да понудат заеми, додека корисниците на таа услуга ќе добијат побрз пристап до поврат на средства и право на жалба до финансискиот правобранител.

„Новите правила ќе ги заштитат купувачите од должнички замки“, наведе во соопштение Ема Рејнолдс, економска секретарка во Министерството за финансии, во кое се истакнува дека новите правила ќе стапат во сила од следната година.

Портпаролот на „Кларна“ (Klarna), еден од БНПЛ-кредиторите, го поздрави „напредокот во регулативата“ и рече дека фирмата со нетрпение очекува да соработува со Управата за финансиско однесување на Велика Британија. Портпаролот на „Клиарпеј“ (Clearpay), друга таква компанија, рече дека регулативата „ќе му даде јасност и конзистентност на секторот“.

Овој потег доаѓа по години минати во преиспитување и дискусии од страна на претходната конзервативна влада за тоа како брзорастечките фирми од тој тип обезбедуваат потрошувачки кредитни производи.

Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.

Во моментов нема коментари за веста. Биди прв да коментира...

Компаниите и граѓаните „гладни“ за кредити, банките ќе ги олеснуваат кредитните услови
Македонија

Компаниите и граѓаните „гладни“ за кредити, банките ќе ги олеснуваат кредитните услови

Во текот на првиот квартал од 2025 година, банките укажуваат на посилно олеснување на вкупните кредитни услови кај домаќинствата, во споредба со четвртиот квартал од 2024 година.

16.05.2025

Автор: Владимир Николоски

Сите новости од рубриката Економија

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?
Свет

Годишнина од војната во Украина: Колку е отпорна „силно прегреаната“ руска економија?

„Има многу аларми и голем број симптоми што укажуваат дека не е далеку сериозна криза за руската економија“, вели Денис Манцевич, експерт за руската економија.

24.02.2025

Автор: Mihael Šmirmaul

Економија

Владата го усвои ребалансот на буџетот: Вкупни расходи од 6,5 милијарди евра во 2025
Македонија

Владата го усвои ребалансот на буџетот: Вкупни расходи од 6,5 милијарди евра во 2025

Растот на планираните средства е резултат на зголемени неданочни приходи - административни такси, концесии, добивка од Народната банка и други неданочни приходи, како и проширување на самофинансирачките активности на институциите.

пред 6 часа

Автор: Владимир Николоски

Блискиот Исток го тресе светот, ќе се вмешаат ли САД  – пет вести на денот
Билтен

Блискиот Исток го тресе светот, ќе се вмешаат ли САД – пет вести на денот

Македонската економија, како мала и отворена, е особено чувствителна на глобалните економски шокови, особено на оние што се поврзани со цените на енергентите.

пред 16 часа

Автор: Владимир Николоски

сите новости од рубриката Економија

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Истражете ги понудите

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите