• Горан Упале
Шеј Гилџес Александар, како што се очекуваше, ја однесе дома престижната титула најкорисен играч во финалната серија од НБА плеј-офот за сезоната 2024/25, заокружувајќи ја својата неколкумесечна доминација. Претходно беше избран за најдобар меѓу најдобрите во регуларниот дел од најсилното кошаркарско првенство во светот.
Тој не е првиот што успеа да ги собере овие две признанија, но е еден од ретките, бидејќи истиот случај се случи само дванаесет пати пред подвигот на поранешниот единаесетти пик на Шарлот Хорнетс.
Истиот подвиг го направија уште: Вилис Рид (Њујорк Никс, 1970), Карим Абдул-Џабар (Милвоки Бакс, 1971), Мозес Мелоун (Филаделфија Севентис, 1983), Меџик Џонсон (Лос Анџелес Лејкерс, 1987), Мајкл Џордан (Чикаго Булс, 1991, 1992, 1996, 1998), Хаким Олајџувон (Хјустон Рокетс, 1994), Тим Данкан (Сан Антонио Спарс, 2003) и Леброн Џејмс (Мајами Хит, 2012, 2013).
Фантастичниот Канаѓанец е само четвртиот НБА кошаркар кој успеал да биде МВП на лигата, МВП на финалето и најдобар стрелец во истата сезона. Пред него, тоа го направиле само легендите Карим Абдул-Џабар, Мајкл Џордан и Шекил О'Нил.