Европскиот совет донесе одлука за потпишување на договорот Фронтоекс со Македонија
Договорот со Фронтекс ќе биде потпишан на македонски јазик. Четири години откако беше иницран, Европскиот совет денеска даде зелено светло за договорот кој треба да ги зајакне граничните контроли. Документот досега беше блокиран од страна на Бугарија поради употребата на терминот македонски јазик, пречка која беше отстранета со потпишаните протоколи помеѓу двете земји во јули годинава.
Договорот кој ќе биде преведен на 25 јазици, се очекува да биде потпишан следната недела на 20 октомври, но откако ќе биде одобрен и од Европскиот парламент .
По потпишувањето Европската гранична и крајбрежна агенција која ги штити границите на ЕУ, ќе може свои тимови да распредели и во Македонија.
Земјава ќе добие конкретна помош за управување со миграциските текови, спротивставување на илегалната имиграција и справување со прекуграничните криминали. На ваков начин, ЕУ смета дека зајакнувањето на контролите на македонските граници ќе помогне да се подобри и безбедноста на границите на унијата.
Дека ова е потребно покажува и последниот извештај на агенцијата според кој
бројот на илегални премини во Европската Унија е зголемен за 70 проценти во првите девет месеци годинава.
Од вкупно откриените 228.240 влегувања, дури половина се низ Балаканскиот регион.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар