Ракомет

Раде Стојановиќ го скрати списокот на ракометари пред подготовките за младинското СП (ФОТО)

Раде Стојановиќ го скрати списокот на ракометари пред подготовките за младинското СП (ФОТО)

Селекторот на машката младинска ракометна репрезентација, Радослав Стојановиќ го објави скратениот список за претстојното СП за ракометари до 21 година кое ќе се одржи во Полска.

Младинската машка репрезентација е дел од групата Ф заедно со селекциите на Исланд, Фарски Острови и Романија, а натпреварите ќе се играат во Катовице.

Собирот ќе се одржи на 08.06.2025 во 12:00 часот пред РФМ, а потоа ракометарите продолжуваат за Маврово каде ќе оддржат последните подготовките.

To top