Програмата во НБА лигата беше прилично скромна рано утрово и донесе само три натпревари, а на истите како поуспешни испаднаа гостинските екипи. Торонто и Атланта си заминаа со победи од Кливленд и Јута, па во неатративната кошаркарска вечер, домашниот терен го одбрани само екипата на Феникс. „Соколите“ ја продолжија победничката серија и стигнаа до четврти триумф во низа на гостувањето кај Јута, а за домаќините недоволна беше и импресивната ...

Кошаркарите на Атланта Хоукс славеа на гостувањето кај Јута Џез (122-132) во НБА лигата. Иако за домашните блесна Лаури Марканен со 40 поени, сепак немаше поддршка од соиграчите и Јута беше поразена на домашен паркет. Во таборот на Атланта се истакна Оконгву со 32 поени, додека 31 уфрли Џонсон и притоа имаше 18 скока и 14 асистенции. Феникс Санс убедливо славеа против Индијана Пејсерси дома со 133-98. Девон Букер и Дилион Брукс го предводеа ...