Работилница за безбедност во училиштата
Децата треба да останат деца и да му се радуваат на детство. Податоците од истражувањата укажуваат на тоа дека децата не се чувствуваат безбедно во училиште и се жртви на физичко или психичко насилство.
Потребна е соработка на релација ученици-наставници-родители-стручна служба-институции-истакна денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири на работилницата за наставници и ученици за „Безбедност во училиштата“. Шаќири потенцираше, за безбедноста во училиштата ќе има интензивни состаноци со вклученост на педагози, психолози и родители.
Универзитетската професорка Софија Георгиевска, дел од тимот на овој проект, посочи дека со децата треба внимателно да се разговара и возрасните да им помогнат да знаат да разликуваат и да пријавуваат насилство. Истражувањето е спроведено на над 2 000 ученици.
Безбедноста на децата е поважана од се, како и пристапот и начинот на разговор кој треба да го водат возрасните со нив.
Ѓуровски додаде и неколку предлози за зголемување на безбедноста во училиштата. Задолжителен тест кај учениците од средно образование и кај учениците од деветто одделение на дрога и наркотични средства, еднаш до двапати во текот на училишната година. Како и ангажирање на Министерството за внатрешни работи со цел да направи контрола на лесното и мало оружје што го поседуваат граѓаните.