Српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ ова лето би можел да се пресели во редовите на Фенербахче каде за негов потпис постои сериозен интерес, пренесуваат италијанските медиуми.
Фенербахче е подготвен да му ги исполни големите барања на српскиот фудбалер со плата од околку 10 милиони евра по сезона, но за реализација на трансфер потребно е да се најде заеднички јазик и со Јувентус.
Имено, турскиот тим бар засега не отстапува од вредноста на трансферот да изнесува 30 милиони евра, што е за 10 милиони евра помалку од барањата на Јувентус.
Влаховиќ ја засили „старата дама“ во 2022 година во трансфер вреден 85 милиони евра, но не ги исполни очекувањата. Србинот и Јувентус не успеаја да најдат заеднички јазик за нов договор па со оглед на тоа што актуелниот истекува на крајот на следната сезона торинскиот клуб ќе биде приморан да го продаде и тоа со голема финансиска загуба.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА