ШЕЈН ПРАКТИКУВА ЛАЖНИ ПОПУСТИ: Што друго открива истрагата на Европската комисија за кинескиот е-трговец

Објавено во: Економија 27 Мај, 2025 12:05
Европската комисија денеска соопшти дека го известила сајтот
за е-трговија на мало Шејн дека е утврдено оти голем број негови практики се во
спротивност на Законот за потрошувачи на ЕУ.
Кршењето на законската регулатива на ЕУ е утврдена во заедничка истрага на Европската комисија, Мрежата за соработка за заштита на потрошувачите и надлежните истражни органи на Белгија, Ирска, Франција и Холандија.
Истрагата утврдила дека Шејн практикува т.н. „лажни попусти“, односно пласира неточни информации за намалување на цените на одредени производи, дека најавува лажни рокови за траење на акции со што врши притисок врз потрошувачите да се решат да купат некои артикли, ги мами клиентите со неточни карактеристики на стоките што ги нуди на продажба и дава неточни и манипулирачки информации околу можностите за враќање на нарачаните производи и повратот на средства.
Паралелно со оваа, ЕК води истрага против Шејн и за усогласеност со Законот за дигитални услуги (ДСА) во делот на заштита на потрошувачите од ЕУ и нивните права.
Шејн сега има рок од еден месец да одговори на наодите од истрагата и да предложи мерки за отстранување на утврдените неправилности поврзани со потрошувачките права. Доколку чекорите преземени од страна на сајтот бидат оцените како незадоволителни, можно е да му бидат изречени мерки од страна на ЕК или надлежните власи, кои можат да вклучат и парични казни во висина од одреден процент од вкупниот годишен обрт на Шејн во засегнатите земји членки на ЕУ.
Можеби ќе ве интересира
Има ли Трамп царински супер-топ што ќе го уплаши и стави во ред Владимир Путин?

АТЛАНТИК ГРУПАТА ГО ПРОДАДЕ ПОПУЛАРНИОТ БРЕНД СЕНДВИЧИ: Но продолжува да го продава и дистрибуира

Поради националниот долг Франција ќе штеди - каде ќе има кратења?

СЕ НАМАЛИЛ БРОЈОТ НА ЕВРОПЈАНИ КОИ НЕ МОЖАТ ДА СИ ДОЗВОЛАТ ОДМОР: Соседите најлошо котираат

НАЈЕВТИНИ МЕСТА ЗА ПОСЕТА ГОДИНАВА: На листата се градови од регионот

(ВИДЕО) Цените вртоглаво растат: Моника споделува што купила за 10 евра во Макарска

Србија е меѓу десетте најголеми купувачи на злато - одговор на глобалната неизвесност

Оваа земја е рај за работниците: 32 дена одмор, 26 недели платено породилно отсуство
