Кошаркарите на Фенербахче во уште еден доминантен меч триумфираа против француски Париз со 89-72 во четвртфиналната серија од Евролигата поведувајќи со 2-0 во серијата, и сега само на еден триумф до место на Ф4 турнирот.
Турскиот тим запиша и нов рекорд во Евролигата, со 61 постигнат поен за едно полувреме. Фенербахче го доби првиот дел со 61-38, кога веќе и ја најави победата против Париз.
Македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс беше најдобар кај Париз со 16 поени, седум скока и две асистенции, но сето тоа залудно по убедливиот пораз, во кој Биберовиќ имаше 20 поени кај Фенербахче, пред Хајс со 16 поени.
Серијата во четвртфиналето сега се сели во Париз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА