Англија
Барселона ќе инкасира неочекувани 8,5 милиони евра за реализиран трансфер во Премиер лигата

Вест Хем математички обезбеди опстанок измиантиот викенд, а тоа автоматски активира една операција која ќе донесе и неочекуван финансиски прилив во касата на Барселона.
Жан Клер Тодибо минатиот летен преоден рок направи трансфер во Вест Хем како позајмен фудбалер, но беше јасно дека трансферот ќе стане перманентен во моментот кога „чеканите“ ќе обезбедат опстанок во Премиер лигата.
По остварувањето на единствениот услов, Вест Хем ќе исплати 42 милиони евра на Ница, но 8,5 милиони од споменатата сума ќе завршат во Барселона.
Каталонскиот великан го продаде Тодибо на Ница во 2021-ва година откако Французинот не се снајде на „Камп Ноу“, па иако тогаш никој не се надеваше на нов прилив, Вест Хем сега со активацијата на клаузулата сигурно ќе го израдува Жоан Лапорта.
Барселона доби 8,5 милиони евра за Тодибо пред четири години, а според клаузулата во договорот, сега ќе добие уште толку.
-
Англија21 час
Ираола воодушевен од новата енергија кај „ѓаволите“: Јунајтед сега е пеколно добар тим
-
Италија23 часа
Седмо летно засилување во најава: Конте пикирал лев бек од Ла Лига
-
Англија17 часа
Џексон за неговата иднина во Челси: Конкуренција? Немам конкуренција…
-
Шпанија19 часа
Шоу во Сеул: Барселона во меч со десет гола славеше на турнејата во Азија (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони23 часа
Омерагиќ го поздрави историскиот успех на Шкендија во Европа (Фото)
-
Конференциска лига15 часа
Вардар се посрамоти во Лозана и го заврши настапот во Европа (ВИДЕО)
-
Шпанија23 часа
Јамал ја режираше првата мајсторија со „десетката“ на грбот, противникот ја „искоси“ тревата (Видео)
-
Англија17 часа
Аморим: Играчите се посилни, побрзи…