Лишен од слобода штипјанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол

На 23.05.2025 во 02.40 часот, полициски службеници од Полициската станица безбедност на патниот сообраќај при СВР Штип го лишиле од слобода Х.П.(71). При сообраќајна контрола на ул.„Борис Кидрич“ во Штип е сопрено патничко возило „фиат“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,81 промили алкохол во крвта.

Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното