• Мартин Танасковски
Познати се сите учесници на завршниот Ф4-турнир во Лигата на Европа, тоа се бундеслигашите Кил, Мелсунген и Флензбург, како и Монпелје која е единствена екипа од друга земја на овој настан.
Кил си ја заврши задачата и го победи Лимож со 35-30 (16-15). Јохансон беше најдобар кај „зебрите“ со седум гола, а Имре и Мадсен имаа по шест, додека кај францускиот тим, Јусуф даде седум, а Ел Дераа пет гола.
Доминантно победи и Мелсунген на Парондо на гостински терен кај Бидасоа Иври (22-32). Во следната фаза Флензбург патува преку дански ГОГ Гудме, кого го совлада и во двата меча, овој вториот беше поубедлива победа со резултат 35-29. Единствениот тим кој не е од Германија, а ќе игра на овој настан е француски Монпелје кој го елиминира Порто.
Завршниот турнир во Европската лига на ЕХФ ќе се игра во „Барклејс Арена“ во Хамбург, Германија.