среда, 18 јуни 2025

Ново правило на Светското клупско првенство, голманите нема да можат да се прават „на Тошо“

На Светското клупско првенство ќе биде имплементирано ново правило според кое голманите ќе можат да ја држат топката само 8 секунди, обидот да задржуваат време ќе значи корнер за противникот.

Објавено на

часот

Сподели

ФИФА е решена да стави крај на бизарните ситуации кога голманите непотребно трошат време за уфрлање на опката во игра, па на Светско клупско првенство ќе почне да се применува ново правило.

Голманите ќе можат да ја држат топката 8 секунди, во спротивно ризикуваат да бидат пенализирани.

И претходно имаше правило според кое голманот треба да се ослободи од топката за 6 секунди, но никогаш не беше применувано во пракса.

ФИФА сега притиска за имплементација и дадени се јасни насоки како треба – кога голманот ќе воспостави контрола на топката, ќе има осум секунди да се ослободи од неа. Судијата ќе треба да подигне рака за да сигнализира дека преостануваат уште 5 секунди. Доколку голманот не се ослободи од топката, противниците ќе добијат корнер.

Од светската куќа на фудбалот нагласуваат дека правилото нема да биде до толку многу строго, судиите ќе бидат толерантни, особено доколку голманот направи тешка интервенција и му треба време да се опорави.

Но судиите нема да имаат милост за ситуациите во кои голманите се прават „на Тошо“, кога при шут, нафрлена топка од корнер или прекин, голманот ќе оствари лесна интервенција, па ќе падне на тревата и намерно ќе лежи десетина секунди. Потоа ќе стане, ќе погледне какви му се опциите, па бавно ќе ја удира топката од земја неколку пати и на крај ќе ја уфрли топката во игра и ќе украде 30 или повеќе секунди.

„Мислам дека ниту еден љубител на фудбалот не сака да гледа како голманот толку долго ја има топката во свој посед“ – вели првиот човек на судиите во ФИФА, легендарниот Пјерлучи Колина.

„Па им даваме неколку секунди плус бидејќи им е потребно време за нивните играчи да се ре-позиционираат на теренот. Но мора да знаат дека откако ќе истече времето, откако ќе поминат осум секунди, судијата ќе го примени правилото“.

„Убедени сме дека нема да има толку многу корнери, дека голманите ќе ги почитуваат лимитот од 8 секунди“.

„Видете, идејата за ова правило не е да ги казнуваме голманите. Па судиите ќе бидат флексибилни кога на голманите ќе им треба време да се опорават, на пример да речам по тешка одбрана“.

„Едноставно нема потреба да паѓаат на тревата и да легнуваат. Тоа е само трошење на време“.

ФОТО: X/FIFA Club World Cup

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ