АктуелноОхрид

Пецаков: Чувствувам посебна радост и топлина во срцето што денеска имав можност повторно да ја проследам големата Детска трка која по четврти пат се организира во Охрид

Оваа е една прекрасна манифестација, која веќе традиционално како пролетен мајски цвет ја буди желбата за спортување и носи огромна позитивна енергија во Охрид. Денес, нашите најмили трчаа за здравје и за радост. Нивните мали чекори оставија траги на надеж и ведрина и испратија една голема порака по повод Светскиот ден на физичката активност!
Општина Охрид отсекогаш стоела и ќе продолжи да стои цврсто на страната на спортот, затоа што знаеме дека здравите навики се градат од најмала возраст. Оваа трка не е само спортски настан, ова е доказ на нашата свесност за здрав живот, здрави деца и активни ученици, кои ќе растат со спортски дух, со дисциплина и со чувство за заедништво.
Верувам дека овој прекрасен спортски концепт ќе продолжи да се надоградува и во иднина ќе прерасне во спортска манифестација, по која Охрид ќе биде препознатлив и ќе стане позитивен пример во спортската заедница, не само во Македонија туку и пошироко.