Англискиот фудбалски клуб Астон Вила е во преговори со плејмејкерот Кевин Де Бруин за потенцијален летен трансфер, пренесува „Sky Sports“. На белгискиот интернационалец му истекува договорот и по крајот на сезоната ќе го напушти Манчестер Сити.
33-годишниот Де Бруин на почетокот на овој месец објави дека ова е неговата последна година во Манчестер Сити. Тој додаде дека неговото семејство ќе има главна улога во изборот на неговиот следен тим, за што е зголемен интересот од клубовите од Премиер лигата.
Сепак, сериозен интерес за Де Бруин има и од екипи надвор од Англија. „Sky Sports“ пишува дека американските клубови Интер Мајами, Чикаго Фајр, Њујорк Сити и ДЦ Јунајтед веќе испратиле прашања до агентите на Белгиецот.
Де Бруин е посакуван и од италијански Комо и тимовите од Саудиска Арабија.