30.8 C
Скопје
20:33 - 27 јули, 2025

(Видео) Откриена тајна соба во вилата на Цеца Ражнатовиќ: Се наоѓа веднаш до СПА центарот

Вилата на Цеца Ражнатовиќ во Дедиње е најпознатиот имот меѓу познатите личности во Србија, а таа ја уредила по свој вкус.

Имотот на пејачката има дури 2.000 квадратни метри, неколку ката и лифт. Сè е од мермер, додека оградата е направена од бакар.

Иако јавноста нема можност да го види ентериерот, некои делови од ентериерот испливаа на површина во моментите кога Цеца објавува слики од разни семејни прослави. Освен што куќата има бројни соби и бањи, има и голем спа-центар, како и приватен фризерски салон, што досега не беше познато.

Инаку, лифтот што го има во вилата води директно до апартманот на Цеца и огромната дневна соба што музичката ѕвезда ја уредила по свој вкус.

Пејачката објави видео на своите социјални мрежи на кое се подготвува за концерт, а во еден момент снимателот ја праша:

– Дали луѓето знаат дека сме во твојто салон?

– Не знам дали знаат, но ќе дознаат – рече пејачката низ смеа.

Овој личен салон за убавина се наоѓа веднаш до базенот што го поседува Цеца во вилата на Дедиње.

Слични објави

(Фото) Ивана Кнол, „најатрактивната навивачка во светот“, го залуде и Мајами

Еспресо

(Фото) Се ожени синот на Драгана Мирковиќ: Марко и Мелани го изговорија судбоносното „да“ во семејниот замок

еспресо

Јелена Розга за љубовта со Иван Хуљиќ: Вљубена сум како никогаш досега!

Еспресо

Аца Пејовиќ раскажа за тешките моменти од детството: „Викендите со моите родители беа сè што имав“

Eспресо

Сања Вучиќ проговори за здравствените проблеми: „Едвај наоѓам сила да станам од кревет, немам енергија за живот“

E.A.

Еве каде Милица Тодоровиќ ги поминува своите труднички денови: Пејачката избега од Белград, тука го најде мирот

Еспресо