Митровски ја доби наградата за изборот во идеалниот тим на ХНЛ: „Голема чест што сум избран од стручните лица!“

Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски и официјално го доби трофејот за изборот во идеалниот тим на хрватскиот шампионат за сезоната 2024/25 од страна на играчите и тренерите на ХНЛ.

Митровски, кој е дел од најдобрите 11 во ХНЛ за сезоната 2024/25, признанието го доби од претседателот на Хрватскиот фудбалски синдикат, Марио Јуриќ.

„Ова е моја прва награда од ваков тип што ја добивам во мојата досегашна кариера и сум исклучително среќен и горд. Наградата е голема мотивација за мене, но и чест и привилегија да бидам избран од фудбалерите и тренерите, оние со кои го делам фудбалскиот терен. Нема поголема привилегија да бидам избран од професијата. Би сакал да му се заблагодарам на фудбалскиот синдикат за доделувањето на наградата и за гостопримството“ – истакна Митровски по добивањето на признанието.

Се вчитува...