32.8 C
Скопје
19:17 - 19 јули, 2025

(Фото) Пожарот во Калифорнија ја зафати и куќата кадешто почина Метју Пери, погледнете како изгледаше претходно

Бројни ѕвезди беа евакуирани од своите домови поради еден од најразорните пожари во историјата на Лос Анџелес, а на некои веќе им се уништени домовите, како Парис Хилтон, Спенсер Прат, Ентони Хопкинс, Џон Гудман и Мајлс Телер.

Како што пренесува „Дејли мејл“, пожарот ја зафатил и куќата во која почина актерот од „Пријатели“ Метју Пери.

Инаку, куќата беше продадена на Анита Верми-Лалијан пред неколку месеци за 8,5 милиони долари. Верма-Лалијан во приказна на Инстаграм потврди дека таа и нејзиното семејство се безбедни, но не даде никакви информации за состојбата на имотот.

„Благодарам на сите што се јавија. Нашето семејство е безбедно и чекаме вести. Се молам за сите погодени од пожарот“, напиша таа.

Верма-Лалијан откри во октомври минатата година, кога ја купи куќата на Пери, дека планира да го користи имотот како викендица.

Продажбата на куќата се случи една година по трагичната смрт на актерот. За потсетување, Пери беше пронајден мртов во џакузи на 28 октомври 2023 година, на 54-годишна возраст. Неговата смрт е припишана на „акутните ефекти“ на кетаминот, поради што изгубил свест и се удавил.

Актерот го купи гореспоменатиот дом во 2020 година и го реновираше пред неговата смрт – заменувајќи ги светлите дабови подови со потемно дрво и бохо мебелот со посветли бои.

Слични објави

(Фото) Северина го подигна вечерниот гламур на највисоко ниво – малку е да се каже дека фустанот е драматичен

Еспресо

Чомбе од „Луд, збунет, нормален“ ги живее најтешките денови: „Многу пати ми кажа дека ме сакаш…“

Еспресо

Здравко Чолиќ одбил да настапи за 50.000 евра: Не се согласил поради една причина

Еспресо

(Видео) Наташа Беквалац ги отстрани имплантите: Облече тесен фустан и ги покажа „новите“ гради

E.A.

„Добро се бакнува, но ме разочара“: Едита Арадиновиќ измамена на Ибица, дечко пробал да ја ограби

Еспресо

Почина Јосип Пејаковиќ еден од најпознатите босански актери

E.A.