Кожув не дозволи да биде „изметен“ од Куманово

Кошаркарите на Кожув ја спасија првата меч топка на МКК Куманово во четвртфиналето во Првата лига, откако вечерва во трилер меч по продолженија на домашен терен славеа со 90-86.

Првиот период помина во израмнета игра на двете страни, па по десет минути игра резултатот на семафорот изнесуваше 17-17. Гостите беа за нијанса подобри во втората четвртина, па на полувреме заминаа со позитива од пет поени 38-43.

Во второто полувреме домаќините успеаја да ја надокнадат негативата и да израмнат на 76-76 и да го одведат мечот во продолженија.

Таму домаќините беа подобри за конечен триумф од 90-86. Карен Вилсон со 24 поени, 13 асистенции и осум скока беше најдобар поединец кај победникот, додека кај поразените Урош Луковиќ заврши со 26 поени.

Се вчитува...