Бизнис
ВО ЕУ ЗА ЕДЕН ЧАС РАБОТА ВО ПРОСЕК СЕ ПЛАЌА 33 ЕВРА
25.04.2025
Во 2024 година за еден час работа во Европската Унија се плаќало во просек 33,5 евра, а најмала цена на трудот изнесувала 10,6 евра во Бугарија до 55,2 евра во Луксембург, објави Евростат.
Највисоките трошоци за работна сила се забележани во Северна и Западна Европа. Пет нордиски земји, вклучувајќи ги Норвешка, Исланд и Данска, го надминуваат просекот на ЕУ. Овие три земји имаат трошоци за работна сила што надминуваат 50 евра на час.
Белгија (48,2 евра), Холандија (45,2 евра), Австрија (44,5 евра), Франција (43,7 евра) и Германија (43,4 евра) се плаќаат највисоки дневници.
Трошоците за работна сила се најниски во Источна Европа: Бугарија (10,6 евра), Романија (12,5 евра) и Унгарија (14,1 евра). Во јужна Европа, трошоците се умерени: Италија (30,9 евра), Шпанија (25,5 евра), Португалија (18,2 евра) и Грција (16,7 евра).
Кога трошоците за труд се претвораат во стандарди на куповна моќ (PPS), разликите значително се намалуваат. Така, работниот час во PPS се движи од 19,1 во Бугарија до 40,3 во Белгија, додека Норвешка останува на врвот со 40,7, пренесува Б92.
фото freepic