22.05.2025 03:50
Вести Култура

Арсовски: Концертот на Пласидо Доминго ја позиционира Македонија на светската културна сцена

Со концертот на легендарниот шпански тенор и диригент Пласидо Доминго, во чија уметничка кариера се вбројуваат настапите на најпрестижните музички сцени, се отвора нова и исклучително важна можност за позиционирање на Македонија на светската културна мапа, велат организаторите. Доминго е вториот од тројцата тенори кои настапиле во Македонија, доколку го имаме предвид настапот на Хозе Карерас на „Охридско лето“ во 2005 година.

„Оперскиот концерт ќе биде во два дела. Првиот дел ќе биде од италијанска музичка литература од познатите арии на композиторите Белини, Чилеа, Верди, Пучини, од Верди пак. Има многу добри и познати арии. Вториот дел ќе биде малку поразличен и ќе биде повеќе проткајан со музичка литература од шпанското музичко творештво и со неколку арии од оперетите на Штраус и Лехар“,изјави Оливер Арсовски, директор на Национална опера и балет.

Репертоарот на Пласидо Доминго вклучува повеќе од 150 улоги, достигнување кое не го направил ниту еден друг артист, со над 4,400 настапи. Билетите за овој концерт се продаваат и во Србија и во Бугарија што ќе придонесе за туристичка промоција на Македонија, вели Стефановски.

„Преговорите не одеа лесно. Околу барањата нема никакви посебни барања, освен хотелското сместување и храната. Со оглед на тоа дека сме работеле и други светски ѕвезди, мислам дека ова е минимализам, нема ништо посебно. Можам да кажам дека новиве ѕвезди што се од Балканот, повеќе бараат од една ваква ѕвезда“, вели Кристијан Стефановски од „Прагма продукција“.

На овој концерт на Пласидо Доминго со оркестарот и хорот на Македонската опера и балет под диригентство на Жорди Бернасер од Шпанија ќе настапи и сопранистката Марија Хозе Сири.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборот беше тежок поради квалитетот на кандидатите, тврди претседателката Силјановска за предлогот, Славески да биде нов гувернер

Дејан Дејан

Претседателката го предложи претседавачот Славески за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Мицковски: Нека постапуваат надлежните за градбата во Прилеп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе