Гидсел: Долго време чекав, конечно сум на Ф4 во Келн

Се е подготвено за „шлагот на тортата“ во ракометната Лига на Шампиони, фајналфор турнирот што викендов ќе се одржи во „Ланксес Арена“ во Келн, местото во кое во последните десетина години два пати се радуваше и цела Македонија по легендарните успеси на Вардар.

Германскиот првак Фухсе Берлин во првото полуфинале утре ќе се сретне со Нант (во второто силите ќе ги одмерат Барселона и Магдебург)

Главен адут дефинитивно ќе биде најдобриот светски ракометар Матијас Гидсел, кој е максимално мотивиран пред своето деби на Ф4 во Лигата на Шампионите.

„Долго време го чекав на овој момент, чувството е фантастично, конечно сум на Ф4 во Келн. Имам играно во оваа арена со Данска, ја знам атмосферата, но со толку многу навивачи на Берлин на трибините, сигурно ова ќе биде викенд за паметење“, изјави Гидсел.

Се вчитува...