• петок, 20 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Астон вила заинтересирана за Торес, Јунајтед го бара Мбемо

Астон вила заинтересирана за Торес, Јунајтед го бара Мбемо

Барселона, 19 мај 2025 (МИА) - Напаѓачот на Барселона, Феран Торес може да ја продолжи кариерата во Англија, пишува „Мундо Депортиво“.

Според шпанскиот спортски портал Астон вила е заинтересирана за 25-годишниот Шпанец. Тимот од Бирмингем е подготвен да плати околу 50 милиони евра за шпанскиот репрезентативец. Феран веќе играше во Премиер лигата за Манчестер сити од 2020 до 2022 година.

Оваа сезона Торес одигра 45 натпревари, постигна 19 голови и седум асистенции.

Двоцифрена милионска понуда подготвува и Манчестер јунајтед. Тимот од „Олд Трафорсд“ е подготвен да му плати на Брентфорд 65 милиони евра за напаѓачот Брајан Мбемо.

Според „Fichajes“, Јунајтед е силно заинтересиран за 25-годишниот Камерунец. 

Мбемо оваа сезона одигра 41 натпревар, постигна 19 голови и 9 асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан