Поврзете се со нас

Шпанија

Савиола за новото засилување на Реал: Тој нема никаква врска со Јамал, ме потсетува на…

Објавено

на

foto: x.com/RiverPlate

Реал Мадрид денеска официјално го затвори трансферот на големата аргентинска надеж, играчот кој во изминатиов период испиша историја во Ривер Плата и националниот тим, Франко Мастантуоно.

„Кралевите“ ја победија конкуренцијата и го обезбедија потписот на Франко најмалку до 2031 година што јасно покажува дека имаат големи планови со тинејџерот.

Ново засилување за „кралевите“: Реал ја доби битката за најголемиот аргентински талент (ВИДЕО)

Ова ќе биде нов предизвик во кариерата, а Хавиер Савиола кој како играч имаше можност да помине сличен пат за „Марка“ даде кратка анализа, коментар за трансферот, но и споредбите со бисерот на Барселона, Ламин Јамал.

-Многу ме потсетува на моите први чекори. Дебитирав во Ривер Плата кога имав 16 години, а на 19 веќе бев во Барса. Мастантуоно сега доживува нешто слично.

-За мене, тој нема никаква врска со Ламин Јамал, но навистина потсетува на Хамес Родригез. Тој е играч што Реал Мадрид го сака. Најтешко е да ја напуштиш околината, да излезеш од својата зона на удобност. Клучно е добро да се опкружиш и брзо да се адаптираш. Ако можеш да се справиш со притисокот од играњето во Ривер Плата, подготвен си за Реал Мадрид, -вели Савиола кој во кариерата играше за Барса и за Реал.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни