Утрински Весник
Свет

Норвешка ќе обезбеди речиси една милијарда долари помош за украинската армија

Norveska.jpg

Норвешка ќе одвои 10 милијарди норвешки круни (939 милиони долари) за опремување и обука на украинска воена бригада, јави Укринформ повикувајќи се на соопштение од норвешката влада.

– Норвешка стои заедно со Европа во поддршката за Украина – политички, економски и воено. Изградбата на поголеми копнени сили е од клучно значење за Украина и затоа за 2025 година издвојуваме 10 милијарди круни за таа цел – изјави норвешкиот министер за одбрана Туре Сандвик.


Владата предложи зголемување на воената помош за Украина за дополнителни 50 милијарди круни оваа година, со што вкупната норвешка поддршка за 2025 година ќе достигне 85 милијарди круни (околу 7,9 милијарди долари).

Сандвик соопшти дека Норвешка официјално се приклучила кон меѓународната коалиција за беспилотни летала за Украина, предводена од Обединетото Кралство и Летонија.

Можете да прочитате

Вториот човек на руската морнарица загина во Курск

Над 100 лица починале во Шпанија поради топлотниот бран

Трагедија: Во сообраќајна несреќа почина фудбалерот Диого Жота