Ватикан потврди дека папата Франциск е погребан во базиликата Санта Марија Маџоре, која се наоѓа надвор од ватиканските ѕидини во центарот на Рим.
Папата Франциск беше погребан денес во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим, на приватна церемонија што траеше околу половина час, соопшти Ватикан.
- Обредот (погребот) се одржа според прописите на Ordo Exsequiarum Romani Pontificis, претседаван од кардиналот Камерленго, во присуство на лицата наведени во соодветното известување на Канцеларијата за литургиски прослави и роднини на починатиот Папа, и заврши во 13:30 часот – се вели во соопштението на Ватикан, пренесува Sky News.
Пред базиликата, на околу шест километри од Ватикан, телото на Папата беше пречекано од 40 членови на маргинализирани групи, за кои тој особено се залагаше за време на службата, вклучувајќи мигранти, бездомници, затвореници и трансродови лица.
На погребот во базиликата Санта Марија Маџоре присуствуваа само најблиските, а едноставниот, дрвен ковчег на папата беше пречекан со ѕвона.