• Саше Љолес
Францускиот фудбалер, Рандал Коло Муани, ќе остане во Јувентус и ќе отпатува со тимот на Светското клупско првенство во Соединетите Американски Држави.
Информацијата ја потврди директорот Дамиен Комоли, кој рече дека Јуве се договорил со управата на ПСЖ за продолжување на позајмицата.
„Задоволство ми е да објавам дека постигнавме договор со ПСЖ за позајмицата на Коло Муани и таа ќе трае до крајот на клупскиот Мундијал“, рече Комоли.
Французинот пристигна во Торино во јануари и постигна осум голови на 16 првенствени натпревари за „бјанконерите“.
ФОТО/PHOTO: Juventus FC
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.