Јубилејна 70-ка за Опра Винфри!

28 јануари 2024

Кралицата на медиумите Опра Винфри денес слави јубилеен 70-ти роденден.

Винфри е телевизиски продуцент, авторка, актерка, сопственичка на медиум, но сепак најмногу е позната како домаќин-водител на ток шоуто The Oprah Winfrey Show коешто се емитуваше од 1986 до 2011-та.

Таа беше најбогатата афроамериканка на 20 век и првата афроамериканка во светот која заработила една милијарда долари.

Но, патот што Опра го изоде за да стаса каде што е денес не беше воопшто лесен. Пораснала во сиромаштија во Мисисипи, а нејзината мајка тинејџерка едвај успевала да обезбеди храна.

Уште додека била во средно започнала да работи во локална радио станица, а на 19 веќе била водител на локалните вечерни вести.

Нејзиното ток шоу е едно од најпознатите на планетава во коешто стотици големи имиња биле гости.

Кон средината на 90-те Опра му даде нова насока на шоуто ставајќи фокус на литература, духовност и третирајќи разни психолошки теми.

Во 2013 Винфри го доби Претседателскиот медал на слободата од претседателот Барак Обама.

Низ нејзината долга и плодна кариера таа освои бројни награди и признанија, вклучувајќи 20 Еми награди, како и Тони награда.

Винфри е од 1986 година е со нејзиниот партнер Стедман Греам. Парот се вери во 1992 година, но свадбата никогаш не се случи.

Среќна 70-ка Опра Винфри!

Фото: Pinterest

Објавено:
28 јануари 2024
Категорија: 
Sweet 40+