петок, 30 мај 2025

Алкалоид утре ќе дознае дали борбата за европскиот пехар ќе ја почне во Скопје или Атина

Ракометарите на Алкалоид веќе направија огромен успех откако се пласираа во Европско финале, а јаготката на шлагот може да биде ставена со победа над АЕК и освојување на трофејот.

Објавено на

часот

Сподели

Познато е дека финалните натпревари од ЕХФ Европскиот куп меѓу Алкалоид и АЕК ќе се играат на 17/18 мај, а реваншот ќе биде на 24/25 мај.

Утре со почеток од 11 часот во Виена е закажана ждрепката на која ќе биде одредено каде ќе се игра првиот натпревар, дали во Грција или во Македонија.

По ждрепката се очекува да бидат одредени и точните термини за двата натпревари.

Пласманот на Алкалоид во финалето од ЕХФ Европскиот куп веројатно ќе значи и поместување на завршниот турнир од Купот на Македонија.

Беше планирано завршницата од купот да се игра од 15 до 18 мај, но тој термин се поклопува со првиот финален натпревар на Алкалоид, па се очекува домашното натпреварување да добие нов термин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ