Со возило удрил во количка со 15 – месечно дете и избегал

Вчера во 15.30 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улица „ЈНА” во Тетово, патничко возило „фолксваген пасат” со тетовски регистарски ознаки, удрило во детска количка, која на пешачки премин ја туркале Е.Х. и Ф.Х. од Тетово, во која било нивното 15 – месечно дете, по што возилото го напуштило местото.

 

По преземени мерки и активности, било пронајдено возилото и возачот А.М.(67) од с.Шипковица, тетовско. Во незгодата со телесни повреди се здобило детето, констатирани во Клиничка болница Тетово.

 

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.