За првпат денеска дојава и до едно основно училиште во Скопје

|

Преку електронска пошта денеска по 15 часот и во основното училиште „Петар Поп Арсов” во Карпош 4 e примена порака со зака нувачка содржина, во која е наведено дека е поставен екс плозив во објектот. Како што соопштија од Општина Карпош, по приемот на пораката веднаш е известена полицијата, а децата се безбедно евакуирани. Дојавата за бо мба била лажна, информира Општина.

Исто така, подоцна и Општина Центар соопшти дека лажна дојава за бо мба примило и ОУ „Кочо Рацин“ на Водно.

Инаку, претходно во текот на денот и на меил адреси на осум средни училишта во Скопје била упатена за кана за поставена експ лозивна направа. По добиената пријава, од МВР потврдија дека се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а во тек се антите рористички проверки и се презематаа мерки за расчистување на случајот.