СТЕНТОН ГРАДБА ДОБИЛA 66,5 МИЛИОНИ ЕВРА ПРЕКУ ТЕНДЕР ШЕМИ СО СДСМ? Манасиевски побара од Јавното обвинителство да се произнесе за наводите
Во период од 2019 до 2023 година, Стентон Градба добиле државни тендери од 66,5 милиони евра, што е за нецели 5 милиони евра помалку од вкупните приходи на друштвото, рече Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ и обвини дека СДСМ била патрон на фирмата.
СДСМ била патрон на фирмата Стентон Граддба која што во времето на владеењето на ова партија 90% од приходите ги добивала преку државни тендери, обвинува Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение до јавноста.
Манасиевски прашува зошто Јавното Обвинителство (ЈО) со години молчи за наводните тендер шеми.
Има фирми кои работат пазарно, се борат и се натпреваруваат и има фирми кои со СДСМ работеа само за тендери. За овие вториве СДСМ се патрон. Зачудувачки е како ЈО со години молчи за тендер шемите на Стентон Градба.
Во период од 2019 до 2023 година, Стентон Градба добиле државни тендери од 66,5 милиони евра, што е за нецели 5 милиони евра помалку од вкупните приходи на друштвото.
Мора да се нагласи дека и остатокот од 5 милиони евра, кои не се добиени директно од тендери, поголемиот дел се наплатени како подизведувачи на други фирми исто така на тендери.
Дали некои фирми се направени само за да фаќаат тендери, додека остатокот треба да се мачат и по пазарни услови да се борат за корка леб?
Како е можно Стентон Градба да нема никаква друга работа освен тендери, и тоа кога СДСМ беше на власт да биде во топ 10 тендераџии во државата?
Дали институциите не го сметаат за сомнително тоа што фирмата 4 години буквално живеела само од тендери? Фаќала работа далеку од нејзината база, а фирми кои се многу поблиску истата не ја добивале?
Дали и како Стентон Градба ги добивале тендерите? Дали игра клучна улога СДСМ, Заев и Филипче?