
Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен се чувствува добро и првпат по несреќата што му се случи на натпреварот со Финска, се појави во јавноста со фтографија.
Играчот на Интер се јави преку социјалните мрежи каде им се обрати на своите фанови и сите оние што се загрижени за неговото здравје.
„Поздрав до сите, благодарам на прекрасните пораки за поддршка кои стигнуваат од сите краеви на светот. Тоа многу ми значи и мене и на целото семејство. Добар сум, со оглед на околностите. Морам и натаму да поминам некои испитувања в болница, но се чувствувам добро. Ќе навивам за моите момци во следните натпревари, играјте за Данска“, порача Ериксен.