01.06.2025 09:51
Вести Култура Македонија

УЗКН бара настрешницата меѓу Бит пазар и Скопската чаршија да биде отстранета

Повеќе од месец, откако ја постави Општина Чаир, настрешницата што ги поврзува Бит пазар и Старата скопска чаршија сѐ уште се наоѓа на истото место. По извршениот увид на терен и изготвен извештај од Градскиот конзерваторски центар, увид на терен направија и од Управата за заштита на културното наследство. Во него се вели дека настрешницата е подигната со повеќе неправилности и се бара таа да биде отстранета.

Настрешницата е подигната без одобренија од Управата за заштита на културното наследство и без да се земат предвид одредбите од Законот за заштита на културното наследство и Законот за градење. Ова е констатирано во извештајот на Управата, откако на терен излегле инспектори од Секторот за инспекциски надзор и претставник од Секторот за заштита и користење на културното наследство. Се одржал и состанок со преставници од Секторот за урбанизам во општина Чаир, вели директорката Честоева.

Во самиот извештај се констатирани неправилности и од наша страна е побарано да се отстрани доброто, односно да се отстрани настрешницата , бидејќи е во спротивност со Законот за градење и во спротивност со Законот за заштита на културното наследство, кажа Весела Честоева, директорка на Управата за заштита на културното наследство.

За подигање на настрешницата, на состанокот од Општина Чаир се повикувале на одлука од владата, за добиени средства од ТАВ програмата, за таа намена. Но, тоа е беспредметно вели директорката на УЗКН зашто не кореспондира со потребните дозволи кои општината морала да ги поседува, за да ја подигне настрешницата. Извештајот е испратен до Општина Чаир, Градскиот конзерваторски центар, до МВР и Државниот инспекторат за градежништво, кој што треба да ја отстрани настрешницата.

Овде ингеренциите ќе ги превземе Државниот инспекторат за градежништво , согласно нивните надлежности, бидејќи само тој ја има законската можност да постапува во овој случај, вели директорката Честоева.

Телма го контактираше директорот на Градежниот инспекторат , Реџепи. Тој ни кажа дека по продолжениот празничен викенд ќе провери дали им стигнал извештајот од Управата и ако веќе го добиле, веднаш ќе излезат на терен.

Настрешницата е тврда градба прицврстена на јавна површина меѓу заштитената со закон, споменичка целина – Стара скопска чаршија и контактната зона „ Дуќанџик“, кажаа претходно од Конзерваторскиот центар. За нејзиното подигање, со кое се нарушува афтентичниот изглед на локацијата, Општина Чаир ќе биде прекршочно казнета со 4000 евра.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Горан Бреговиќ и како да доживееш стота: Концерт на Бијело Дугме во Скопје

Дејан Дејан

„Ние загубивме се, вие уште имате за што да се борите“ – порака на роднините на жртвите во „Пулс“ до полицијата и обвинителството

Дејан Дејан

Загина 33-годишна жена, повредени шест лица, меѓу кои и деца – тешка сообраќана несреќа на автопатот Тетово – Гостивар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе